Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му кажал дека Украина наводно нападнала една од неговите резиденции со беспилотни летала, велејќи дека таквиот потег „не е добар“, иако Киев веднаш ги отфрли тврдењата. – Не ми се допаѓа. Тоа не е добро – рече Трамп, додавајќи: „Слушнав за тоа утрово. Дали знаете кој ми го кажа тоа? Претседателот Путин. Тој ми кажа рано утрово дека бил нападнат. Тоа не е добро. ...

Руското Министерство за одбрана објави мапа што ја прикажува рутата на украинските далекометни дронови што, според Москва, биле насочени кон резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Новгородската област, рано во понеделникот. Според руските власти, Киев лансирал вкупно 91 беспилотно летало кон комплексот во ноќта меѓу 28 и 29 декември. Сите дронови биле уништени пред да стигнат до резиденцијата. Мапата што Министерството за ...