Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска порача дека интерес на Владата е да се најде решение за спорот со Бугарија. Вели дека го охрабрува што се повеќе земји-членки, а и европските институции развиваат свест и до некој степен разбирање за нашите позиции. Сепак, додава дека нашиот случај на европска интеграција не може да се мери или споредува со било кој друг случај во поновата историја. -Сега условно кажано, можеби ...
Прво суштински кога ќе се погледне процесот на европска интегарција, веќе има процеси кои се случуваат во државата и не можат да ги заменат пристапните преговори, но вршат функција насочена на побрза подготовка на државата за полноправно членство во ЕУ. Најдобар пример за тоа е Реформската агенда. Тоа е и нејзината цел, побрзо да не усогласи со највисоките стандарди на ЕУ во многу различни области. За нас прашањето е како да го откочиме ...

