До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои пет се сè уште активни, а десет се изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Василево, помеѓу селата Доброшинци и Василево, каде гори сува трева, стрништа и дива депонија, во Општина Кичево, во атарот на селото Зајас, каде е зафатено стрниште, како и во Општина Кавадарци, помеѓу селата ...

Во текот на изминатото деноноќие низ Македонија биле регистрирани 29 пожари на отворен простор. До 7:30 часот утрово 27 биле изгаснати, додека активни остануваат пожарите во Кавадаречко и на депонијата под Маркови Кули во Прилеп, соопшти Центарот за управување со кризи. Во Кавадаречко сè уште гори нискостеблеста шума и ниска вегетација на потегот меѓу селата Раец и Ќесендре. Пожарникарите и другите ангажирани екипи работеа во текот на целата ...