Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1 во натпревар од 18. коло на Првата женска фудбалска лига. Натпреварот во целост беше неизвесен, возбудлив и сосема очекувано со претпазливост во самата игра од страна на двете екипи со оглед дека влогот од истиот за трите бодови беше голем. Без голови заврши првиот дел од натпреварот во Битола, откако мрежите ...
Љуботен ја губи борбата за одбрана на титулата, Скопје е на чекор да ја освои истата, откако по 18 кола е на врвот со 51 освоен бод, а учинокот на тимот од Пржино е 17 победи и еден пораз, а пак актуелниот шампион Љуботен е втор со 43 бодови. Ваквиот расплет ги зголеми апетитите на останатите екипи да се борат и за втората позиција, Тиверија Брера која е трет со 36 бодови, има седум бодови негатива од второто место, а пак Истатов е не ...
Натпреварот од 18. коло на Првата женска фудбалска лига кој се одигра во Битола меѓу Топ Гол и Кочани, а заврши со триумф за домашниот тим од 2:1 имаше „трето полувреме“ кое му припадна на гостинскиот тим, откако мечот го доби со службени 0:3. Според информации до кои дојде редакцијата на Спортска Мрежа, екипата на Кочани поднела жалба бидејќи домашниот тим играл со фудбалерка која не била истата според фудбалската легитимација, а тоа е ...
Битката за опстанок во Првата женска фудбалска лига продолжува меѓу Топ Гол и Кочани, со тоа што сега има промена на дното. Како што веќе објави Спортска Мрежа, откако тимот на Кочани загуби во Битола од Топ Гол со 2:1 во рамки на 18. коло, гостинот поднесе жалба која беше прифатена и мечот го доби со службени 0:3. Тоа направи да Кочани избие на претпоследното место кое води кон баражот за опстанок со седум бодови, а пак Топ Гол е на дното со ...

