Понекогаш, најопасните идеи се оние што се претставуваат како „безбедни“. Во нашиве улици, во овој пробен декемвриски период, проектот „Безбеден град“ ни ветува ред, дисциплина и цивилизираност, но засега ни носи само колективна нервоза и возачи што возат со очи вперени во километражата, наместо во патот пред себе. Секој ден стигнуваат истите шокови по СМС: „Го надминавте ограничувањето од 50 км/ч. Вие сте регистрирани со 52 км/чч“. Или 53. Или ...
Улиците на Скопје и останатите градови не се исти. Не затоа што станаа побезбедни, туку затоа што станаа дел од најмасовниот систем за надзор и казнување што некогаш го вовела државата. „Безбеден град“ – овој звучен проект кој долго се најавуваше – за само половина ден откри речиси 65.000 прекршоци. Бројка што повеќе личи на резултат од голема полициска акција, отколку на прв ден од пробен период. Но зад цифрите, зад камерата и зад секој ...

