Средбата ја модерираше поранешниот пратеник на СДСМ и универзитетски професор Игор Ивановски. Меѓу присутните беа Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Александар Бајдевски, пратеничките Славјанка Петровска и Моника Зајкова, градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митревски, адвокатите Звонко Давидовиќ и Валентин Пепељуговски, универзитетските професори Ненад Марковиќ и Предраг Трпевски, како и поранешни функционери и директори ...

Во острата партиска реакција, СДСМ ги нарече Јован Деспотовски и Петре Шилегов „квислинзи од редовите на СДСМ“ и оцени дека новата иницијатива претставува продолжение на обидите за слабеење и поделба на најголемата опозициска партија. Оттаму тврдат дека Деспотовски и Шилегов претходно биле промотори на проект што го нарекуваат „ЗНАМ 2.0“, а новата платформа ја претставуваат како уште една конструкција на власта за ситнење на опозициските ...