Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 3.600 додека екипите за пребарување и спасување продолжуваат да пребаруваат низ урнатините. Ова синоќа го соопшти Информативниот тим на Советот на државната администрација во Мјанмар. Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар на 28 март. Во земјотресот повредени се 5.017 лица, а 160 лица се водат како исчезнати. Новинската агенција Ксинхуа ...
Борбите во Мјанмар значително се намалија по минатонеделното прогласување на привремен прекин на огнот, соопштија денеска Обединетите нации. ОН апелира на целосен прекин на огнот за да се олесни испораката на хуманитарна помош и почеток на активностите за реконструкција по големиот земјотрес што ја погоди земјата кон крајот на март. Владејачката хунта во Мјанмар минатата недела се приклучи на барањето на бунтовниците за привремен прекин на ...
Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар пред десет дена се искачи на најмалку 3.515, а 210 лица сè уште се водат за исчезнати, покажуваат податоците што во понеделникот ги објави војската на Мјанмар. Повеќето од жртвите се во и околу Мандалеј, вториот по големина град во Мјанмар. Таму загинаа повеќе од 2.100 луѓе. Продолжувањето на работата на спасувачките служби го отежнуваат ...