Тиквеш е во добра серија во натпреварите од Првата македонска фудбалска лига. Екипата од Кавадарци цели кон излез во Европа, откако сега е јасно дека тоа ќе мора да го стори преку првенството, по елиминацијата од Купот со службен пораз од Вардар, иако на теренот го совладаа тимот на “црвено-црните”. Тиквеш го продолжува походот со домашен меч против Скопје. Иако противникот е псоледен на табелата, од Кавадарци најавуваат давање на максимум. ...
По одлуката на комисијата за натпревари на ФФМ да ја усвои жалбата на Вардар и да го исфрли Тиквеш од Купот на Македонија, експресно се огласи тимот од Кавадарци. Од таборот на Тиквеш ја признаваат грешката со административниот пропуст со играчот Екеро Ебубе Висдом поради која загубија со службени 3:0 од Вардар иако мечот во Купот го добија со 3:1. „ГФК Тиквеш ја информира јавноста дека ја прифаќа одлуката донесена од Фудбалската федерација ...

