Премиерот Христијан Мицкоски го повика Јавното обвинителство да покрене истрага за тврдењето на кардиохирургот Жан Митрев дека во екот на пандемијата Венко Филипче заедно со Зоран Заев сакале да ја преземат неговата болница. Мицкоски дури и изрази сомнеж за поранешниот претседател Стево Пендаровски. „Вие знаете сè уште тие законски уредби и одлуки на Пендаровски Стево во тој период стојат непоминати во Собранието. Треба да видиме и Собранието ...
Навистина мислев да не му давам на значење на господинот Мицкоски, затоа што ја разбирам неговата потреба катастрофалните “резултати” од своето досегашно владеење да ги покрива со коментари за работи кои не ги разбира, но, заради јавноста ќе морам да објаснам некои работи кои за жал на “експертот за енергетика” претходно не му ги објасниле неговите “големи правници”. Ова го напиша на социјалните мрежи поранешниот претседател Стево Пендаровски ...

