Петнаесетгодишно момче преживеа напад од мечка благодарение на мобилен телефон, кој наводно експлодирал во моментот кога животното почнало да го напаѓа. Мечката го загризала уредот, кој се наоѓал во задниот џеб од панталоните на момчето; експлозијата што настанала го исплашила животното и го натерала да се повлече. Нападот се случил во руската република Алтај, додека момчето проверувало кошници со пчели. Откако забележало дива мечка, ...
Во областа на јужниот дел на Карпатите во Романија, односно на патот наречен Трансфагарасан, била забележана необична глетка. На снимката, која трае околу 30 секунди, може да се види мечка како го поминува патот и застанува на страната на патот. Додека поминувал автомобил покрај неа, мечката ја кренала шепата и почнала да мавта кон патниците. Ова изгледало како да ги поздравува луѓето. „Кој би рекол дека мечките можат да бидат толку љубезни“, ...

