Ливерпул се наоѓа во сериозна криза откако „црвените“ одиграа само 1-1 на домашен терен против Сандерленд, за уште поголем притисок врз Арне Слот во оваа кошмарна сезона за актуелниот англиски шампион. Холандскиот стратег не го криеше разочарувањето од конечниот исход во мечот во кој Ливерпул лесно можеше да остане и без тој еден бод, ако се знае дека се спаси со голот на Вирц, а потоа во судиското продолжение Киеза пред самата гол-линија спречи ...
Факторот домашен терен отсекогаш бил многу важен за Ливерпул како тим, но кризата во која западна екипата на Арне Слот во последно време направи ривалите да не патуваат со толку голем страв на „Енфилд Роуд“. Доказ за тоа се последните резултати на англискиот шампион на домашен терен, вклучувајќи го и оној вчерашниот против Сандерленд кој заврши со резултат 1:1. Ливерпул се спасуваше од пораз и избегна трет неуспех во низа пред своите фанови ...

