Иако во последните неколку преодни рока, Роберт Левандовски се поврзува со заминување од Барселона, сепак, може да се случи пресврт. Полјакот на крај да остане во каталонскиот гигант, но новиот договор да биде со далеку пониска плата. Актуелниот договор на 37-годишниот напаѓач е до крајот на сезоната, а сега Барса може да му понуди нова соработка. Наводно тренерот Ханс Флик дал зелено светло да почнат преговорите, и сега се е на самиот играч ...
Шпанските медиуми тврдеа дека Барселона не планира да му понуди нов договор на Роберт Левандовски и веќе размислува за негов наследник, но последните информации велат дека може да има и промена на планот. Неколку извори најавуваат дека шпанскиот шампион решил сепак да му понуди едногодишно продолжување на соработката на полскиот интернационалец, но само со намалена плата. Левандовски како слободен агент веќе може да преговара со други клубови ...

