Новата фаза на проектот „Еволуција на сонот“, под авторство и кураторство на Весела Моловска, со уметничка реализација на Калина Брајковска и покровителство на Општина Карпош, ја внесува современата уметност во секојдневниот урбан простор, трансформирајќи четири објекти во препознатлива визуелна целина. Уметноста не мора да биде затворена во галерии, музеи и изложбени простори. Таа може да живее на фасадите, улиците и во секојдневните патеки ...

„Понатаму, сонот…“ е, новата уметничка интервенција во Општина Карпош, која четири објекти на паркингот кај ФИНКИ и Машинскиот факултет ги претвора во едно големо уметничко платно. Проектот е четврто поглавје од платформата „Еволуција на сонот“, иницирана и развивана од Весела Моловска – дипломиран менаџер во култура, куратор и автор на мултидисциплинарни културни проекти. Главната уметничка реализација ѝ е доверена на македонската уметница ...