Шест припадници на ТППЕ Кавадарци, со три противпожарни возила, денеска се упатени во Прилеп како испомош во справувањето со пожарот што ја зафати прилепската околина. Во услови кога на теренот е потребна дополнителна поддршка, кавадаречките пожарникари се вклучуваат во гаснењето и спречувањето на ширењето на огнената стихија. Со ангажманот уште еднаш ја покажуваат својата професионалност, подготвеност и солидарност, ставајќи го своето знаење ...
Интензивната интервенција на депонијата „Мелци“ во Кавадарци продолжува и денеска, а на терен се ангажирани булдожери, багери, камиони, цистерни и екипи на ЈП „Комуналец“ со цел целосно да се прекине чадењето и состојбата да се стави под контрола. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев информира дека механизацијата и човечките ресурси се максимално ангажирани. „Ќе се работи интензивно и континуирано, сè до целосно стабилизирање на ...

