Како што претходно е документирано од ЦИВИЛ, предизборното политичко опкружување во Северна Македонија беше обликувано од засилен судир на наративи меѓу двете доминантни партии на македонскиот политички блок: владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ. Наместо фокус на локалното управување, јавните услуги или квалитетот на живот, кампањскиот дискурс сè повеќе се насочуваше кон национални, идентитетски и геополитички теми. Клучни наративни ...
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) ја структуираше својата предизборна кампања околу континуирана критика на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, прикажувајќи го актуелниот политички момент како враќање кон реставрација на авторитарни модели на владеење. Според СДСМ, претстојните локални избори не претставуваат само натпревар за општинска власт, туку и тест за демократската издржливост и европската траекторија на државата. СДСМ ...

