Изборот на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата мора да биде непартиски, алармираат експертите. Универзитетскиот професор Борче Давитковски смета дека личноста која се бира мора да е достоен за функцијата, стручен и со посебен углед меѓу граѓаните. Смета дека капацитетите на актуелниот состав на ДКСК се далеку од посакуваните резултати, а како доказ на тоа го посочува и примерот на кој и самиот бил сведок при изработка ...
Втора рунда интервјуа за претседател на антикорупциска пред собраниската комисија за избори и именување. Примамлива позиција за која првично се пријавија 13 кандидати, а по извршениот процес на селекција во Комисијата останаа десет. Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност ...
Во Собранието денеска продолжува изборот на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупција. Интервју денеска ќе се прави на пет од вкупно пријавени 10 кандидати за позицијата. Меѓу кандидатите кои се борат за претседателското столче во комисијата се правници, економисти и ревизори. Веќе во петок се очекува да биде свикана собранискатa Комисија за прашања на изборите и именувањата на која ќе биде изгласан кандидатот. Изборот на ...
На седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе започне спроведувањето на интервјуа на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на Локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“. ...

