Одбојкарите на Штип УГД очекувано и убедливо славеа во првото полуфинале на Ф4 турнирот од Купот на ОФМ кој денеска почна во Радовиш. Во салата „25 Мај“ избраниците на тренерот Кристиан Ристески одиграа одличен меч против Работнички и потврдија дека и во саботното финале влегуваат во одлична форма во обид да ја одбранат куп-титулата. ШТИП УГД – РАБОТНИЧКИ 71&22 3:0 (25:13, 25:22, 25:20) Работнички стартуваше солидно, успеа да одржи ...

Куп титулата во одбојка одново во градот под Исарот, Штип УГД испиша историја откако одбојкарите ја одбранија Куп титулата и со тоа ја освоија втората Куп титула во клупската историја. Нов голем успех со кој започнува сега штипската доминација во македонската одбојка, Штип УГД ја одбрани Куп титулата, а сега оди на атак и на титулата во првенството односно атак на двојната круна. Првиот сет Штип УГД го доби со 21:25, а во вториот сет беше ...

Одбојкарите на Штип УГД го одбранија трофејот во Купот на Македонија. Вечерва во финалето на Ф4 турнирот во Радовиш, момците на тренерот Кристиан Ристески со максимални 3:0 го совладаа големиот ривал Струмица и ја повторија епизодата од минатата година, кога против истиот противник ја освоија првата историска куп-титула. ШТИП УГД – СТРУМИЦА 3:0 (25:21, 26:24, 25:21) Вечерва штипјани покажаа дека во моментов се најстабилен состав во домашниот ...

Откако денеска успеаја со 3:0 да го совладаат Работнички и да обезбедат ново финале во Купот на ОФМ, првите луѓе на екипата на Штип УГД најавија организиран превоз за сите свои заинтересирани навивачи за саботоното финале на Ф4 турнирот во Радовиш. Штипјани се мобилизираа и во Радовиш ќе патуваат организирано на големото финале, каде за противник го очекуваат победниот од второто полуфинале вечерва меѓу Струмица и Борец. За таа цел ќе биде ...