Русија побарала од Соединетите држави да ја запрат потера по танкер за нафта кој се упатил кон Венецуела, а кој сега бега од американската Крајбрежна стража во Атлантскиот Океан, објави во четвртокот весникот The New York Times, повикувајќи се наводно на два извора запознаени со ситуацијата. Американските сили речиси две седмици го гонат танкерот, идентификуван од поморските групи како „Bella 1“. САД во средата воведоа санкции врз четири ...

Русија денеска ги повика САД да го ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, соопшти руското Министерство за надворешни работи, додека Украина го поддржа американскиот напад врз Венецуела. – Во услови на потврдените извештаи дека претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга се наоѓаат во САД, силно ги повикуваме американските власти да ја разгледаат ситуацијата и да го ослободат легално избраниот претседател на ...