Најмалку пет лица загинаа во Њујорк во текот на викендот поради ниски температури и снег, изјави денес градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, додека гувернерката на Њујорк, Кети Хокул, ја оцени снежната бура како најстудената зима во последните години и ја нарече ситуацијата во државата опасна, пренесе „Танјуг“. „Иако сè уште не ги знаеме причините за смртта, ова е силен потсетник за тоа колку е опасен екстремниот студ и колку се ранливи ...
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека ќе направи сè што е во негова моќ за да спречи „ужасни“ акции на федералните имиграциски службеници, откако агенти застрелаа и убија американска медицинска сестра во Минеаполис. Градот има „голем број алатки“ со кои може да го одврати претседателот Доналд Трамп од наредба за агресивна операција на Имиграциската и царинската служба (Immigration and Customs Enforcement), рече Мамдани во ...
Две лица починаа од хипотермија во округот Кадо, Луизијана, а речиси 800.000 домови во Соединетите Американски Држави се без електрична енергија, бидејќи огромната зимска бура им се заканува на околу 180 милиони луѓе во 37 држави, повеќе од половина од населението на САД. Државите кои се најмногу изложени на ризик од бурата се Алабама, Џорџија, Кентаки, Мичиген, Њујорк, Северна Каролина, Охајо, Тенеси, Тексас и Вирџинија. Метеорологот Џош ...
Смртни случаи се пријавени во сојузните држави Њујорк, Тенеси, Луизијана, Масачусетс, Канзас, Пенсилванија и Тексас. Надлежните служби предупредуваат дека временските услови се исклучително опасни и апелираат граѓаните да останат во своите домови. Поради бурата се откажани повеќе од 10.000 летови, а бројни училишта и патишта низ земјата се затворени. Мапите на снежните врнежи покажуваат дека за време на викендот снегот зафатил огромни ...

