Со одигрувањето на последните два натпревари беше комплетирано 12. коло од Првата македонска лига, во кое прилепската екипа на Мега баскет стигна до исклучително важна победа и се искачи на првото место во групата „А“. Кошаркарите на Мега баскет одиграа зрел и сигурен натпревар на гостувањето во Охрид, каде славеа со убедливи 81:64. Прилепчани имаа целосна контрола врз играта и резултатот во текот на сите четири четвртини, а клучна улога ...
Кошаркарите на Охрид загубија на домашен терен во вчерашниот натпревар против екипата на Мега баскет од Прилеп постигнувајќи резултат 64:81. Гостите од Прилеп имаа постојано водство во текот на целиот меч. Охриѓани се обидуваа да го стигнат противникот, но едноставно немаа свој ден. Домашниот тим, како и публиката силно реагираа на судискиот критериум на натпреварот. Натпреварот беше одигран во рамките на 12. коло од Првата лига мажи. ...

