Плејофот во кошаркарскиот шампионат на Македонија требаше да стартува викендов, но тоа нема да се случи по одлуката за штрајк што ја донесоа судиите кои веќе немаат намера да ги слушаат лажните ветувања додека им се должат пари. Судиите уште пред одигрувањето на последното коло предупредија дека си ги бараат парите што им се должат за претходните три месеци, а откако барањето не им беше исполнето, на вчерашниот состанок била донесена одлука за ...

Наместо почеток на плејофот и борбата за титулата, во македонската клупска кошарка се случува колапс, судиите решија да стапат во штрајк затоа што со месеци не добиле пари за сработеното и не прифатиле делумно да бидат исплатени, туку го бараат целиот долг кон нив. Нема делегирање за натпреварите и тоа е знак дека навистина нема да има кошарка. Наскоро треба да се одржи Вонредно собрание на КФМ на кое треба да се гласа за разрешување на ...