Иранскиот министер за правда Мохсени Еџеи денеска изјави дека Техеран никогаш не ја напуштил преговарачката маса, но дека е за преговори кои се засноваат на логика и рационалност и не прифаќа никакво наметнување. Еџеи кажа дека тоа е тема за која иранските власти имаат консензус, пренесува Тасним. Непријателот кој ниту една од своите цели не ја постигна со агресија и закани секако не може да биде наметлив или со барања на преговарачката маса. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Европа треба да настапува со единствен глас и да учествува во евентуалните мировни преговори со Русија. – Одржуваме контакт со САД и ги разбираме нивните ставови и позиции. Но, би било добро да оформиме заеднички европски глас – изјави Зеленски на Самитот на Европската политичка заедница во ерменската престолнина Ереван. – Мора да најдеме функционален дипломатски формат и Европа ...