Портпаролката на Владата, Марија Митева ја информира јавноста за одлуката на Владата да се провери работењето на сите лиценцирани финансиски друштва или да биде поедноставно за јавноста, проблемот со брзите кредити. -Институциите работеа тивко, посветено и со целосен фокус. Само четири месеци по преземената обврска, денес ние го имаме резултатот. Морам да потенцирам дека за првпат Државниот пазарен инспекторат спроведува надзор од ваков обем. ...
Повеќе од 140 милиони денари, односно околу 2,3 милиони евра, треба да им бидат вратени на над 26.000 граѓани поради незаконска наплата на трошоци за опомени и известувања за доцнење со отплатата на брзите кредити, утврдил Државниот пазарен инспекторат. Резултатите беа презентирани во Владата, по тримесечните инспекциски контроли кај сите 27 лиценцирани финансиски друштва во земјава. Контролите го опфатиле периодот од 2023 до 2026 година. Кај ...
Над 26.000 граѓани ќе добијат назад пари што незаконски им биле наплатени при користење потрошувачки брзи кредити од финансиските друштва. Вкупниот износ што треба да им биде вратен надминува 140 милиони денари, а граѓаните кај кои е утврдено дека биле оштетени ќе бидат контактирани директно од финансиските друштва согласно добиените решенија од извршените вонредни контроли. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција на портпаролката ...

