Брисел работи на забрзување на европската интеграција на Црна Гора, за земјата да може да ги заврши преговорите за сите преостанати поглавја до крајот на 2026 година. Ова го објави црногорскиот весник „Победа“, кој се повикува на високи извори од Европската комисија. Според публикацијата, се очекува првиот нацрт на Договорот за пристапување на земјата кон ЕУ да биде подготвен до крајот на септември. Планот беше лансиран по итни консултации ...
Црна Гора влегува во завршната фаза од преговорите со Европската Унија, а во Брисел веќе се работи на Договорот за пристапување, документот што треба да ги утврди условите под кои земјата ќе стане полноправна членка. Подгорица во моментов има отворено сите 33 преговарачки поглавја, а 18 од нив се привремено затворени. Последните две, за конкуренција и за царинска унија, беа затворени на 14 јули, со што Црна Гора остана најнапредната ...

