Моќта на НАТО, сонот за ЕУ и неукоста на грст македонски владетели од Македонија направија држава без идентитет, јазик, историја, име, а од Македонците – безимен народ, истакнува академик Љупчо Коцарев во ексклузивното интервју за „Нова Македонија“. Тој се осврнува и на состојбите во МАНУ, но и за молкот на интелектуалците. Каков изборен модел и е неопходен на Македонија, каков играч е таа во геополитичките поместувања и што може да направи, ...
ЕКСКЛУЗИВНО: ИНТЕРВЈУ СО АКАДЕМИК ЉУПЧО КОЦАРЕВ Да не беше вашето отворено писмо со барање претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, да поднесе оставка, имаме впечаток дека оваа највисока научна институција, некогаш симбол на македонската државност, е во длабок зимски сон. Како самата да се дефакторизира. Која е причината за оваа очигледна невидливост на МАНУ во период на драматични геополитички промени? – Еден од основните предизвици со ...

