Во Музејот на современата уметност во Скопје, вториот ден на Fashion Weekend Skopje ги поврза дизајнот, уметноста и одговорноста кон иднината Што останува зад една колекција кога ќе заврши ревијата? Авторска идеја, знаење, материјал што може да добие нов живот, соработка што допрва ќе се развива. Вториот ден на 33. Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank го насочи вниманието токму кон тие прашања. Од модна аукција со кауза до меѓународни ...
Облеката како скулптура, текстилот како сеќавање, дизајнот како чин на грижа. Со три модни ревии и изложбена програма што ги поврза модата и современата уметност, на 30 октомври во Музејот на современата уметност во Скопје започна 33. сезона на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank. Првата вечер го отвори прашањето што го обележува ова издание. Што се случува кога модата станува уметнички објект, визуелен јазик и носител на идеи? ...

