Српскиот тенисер без борба оди меѓу осумте најдобри, бидејќи Јакуб Меншик го предаде осминафиналниот меч. Чешкиот тенисер има повреда на стомачните мускули, па поради тоа не е во можност да се бори на теренот. Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе оди на мегдан со Лоренцо Мусети или Тејлор Фриц. Пласман меѓу осумте најдобри изборија Лернер Тиен кој приреди сензација и го победи Данил Медведев (3-0), како и Алекс Де Минер со триумф над Александер ...

Лоренцо Музети се пласираше во своето прво четвртфинале на Австралија Опен. Италијанскиот тенисер го совлада деветтиот носител Тејлор Фриц со убедливи 6-2, 7-5, 6-4, демонстрирајќи тенис кој ги остави навивачите во Мелбурн без здив. Со овој триумф, Музети го комплетираше сетот четвртфиналиња на сите четири Грен слем турнири. Тој им се придружи на Карлос Алкараз и Јаник Синер како единствените тенисери родени по 2000 година на кои им пошло од ...