Од 26 до 28 јуни во Прага ќе се одржува Мистик скејт купот, еден од најголемите и најпрестижни скејтбординг фестивали во Европа. На 31. издание на настанот на островот Штваниче ќе се соберат над 200 врвни скејтбордери од целиот свет и има награден фонд од 30.000 американски долари. Натпреварувачи од дваесетина земји ќе настапат во дисциплините street, vert и bowl. Натпреварите ќе вклучуваат квалификации, финалиња и специјални настапи, а ...

Натпреварувачи од дваесетина земји ќе настапат во дисциплините street, vert и bowl. Натпреварите ќе вклучуваат квалификации, финалиња и специјални настапи, а настанот традиционално привлекува и голем број посетители од цела Европа. Овој тридневен фестивал е дел од Светскиот скејбординг куп. Мистик скејт купот се одржува од 1994 година, во самиот центар на Прага, и важи за едно од најреномираните и најдолговечни скејт натпреварувања во Европа. ...