Новиот Изборен законик влегува во собраниска процедура со товар што ниту еден закон кој ги определува правилата на политичкиот натпревар не смее да го има – две најавени блокади, 10.000 подготвени амандмани и отворено меѓупартиско обвинување дека предложените решенија може да овозможат изборни манипулации. СДСМ нема намера да ја прифати понудата на премиерот Христијан Мицкоски спорните прашања да се решат со неколку амандмани. Координаторот ...

СДС и Левица уште еднаш покажаа дека кога треба да избираат меѓу државниот и партискиот интерес, секогаш го избираат партискиот. Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Со месеци учествуваа во изработката на Изборниот законик, даваа предлози, а ВМРО-ДПМНЕ ги прифати речиси сите нивни забелешки. Единственото барање на кое инсистиравме беше македонската дијаспора да добие ...

Нама да се кандидирам на претседателски избори во 2029 година, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски. За време на престојот во скопската општина Кисела Вода тој, одговарајќи на новинарски прашања врзани за носењето на Изборниот законик, рече дека планира враќање во својата матична установа Машински факултет. -Нема да се кандидирам на претседателските избори 2029 година туку ќе се вратам на Факултетот. Немам амбиција да се ...

– Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска изјави дека не е постигнат договор за Изборниот законик на средбата со координаторите на пратеничките групи и со пратениците што не се организирани во пратенички групи, а кои учествувале во работната група за Изборниот законик. Мицевски рече дека СДСМ без објаснување останал на ставот дека не го поддржува моделот за електронско гласање на дијаспората. Очекува, ...