Израел вечерва ќе започне со постепено отворање на својот воздушен простор, објави израелското командување. — реклама — Командата за домашна безбедност соопшти дека воздушниот сообраќај ќе се обновува на „контролиран и координиран начин“, согласно проценката на безбедносната ситуација. Израелскиот воздушен простор беше затворен од почетокот на конфликтот со Иран, во саботата наутро. Израел вечерва ќе започне со постепено отворање на својот ...

Израелската министерка за транспорт Мири Регев изјави дека аеродромот Бен-Гурион ќе се отвори повторно в четврток за ограничени дојдовни летови со цел да се вратат дома граѓаните заглавени во странство. Претходно денеска, Јордан соопшти дека ќе го отвори својот воздушен простор. Но, големите затворања и ограничувања на воздушниот простор остануваат на сила низ целиот Блиски Исток, со десетици илјади патници блокирани. Израелската министерка ...