Новите станови кои се продаваат за првпат и натаму ќе се даночат со повластена стапка од 5 отсто ДДВ. Мерката која се применува 15 години и истекува на 31 декември, ќе продолжи да важи и од 1 јануари. Од Министерството за финансии велат дека предложените измени веќе се во владина процедура. Здружението на градежништво го поздрави ваквиот чекор. Сметаат дека најголем бенефит ќе имаат купувачите. „Доколку оваа мерка во 2010-та година беше донесена ...

Данокот на додадена вредност за купување прв стан останува 5 отсто и по Нова година. Измените за законот со кои ќе се продолжи важењето на мерката се веќе во владина процедура. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласи дека во моментот не постојат услови за примена на повисока стапка, особено имајќи предвид дека дел од граѓаните веќе имаат платено авансни средства додека објектите се во градба. Градежните експерти се децидни ...