По доста лоши услови за игра, со оглед на катастрофалната состојба на терено на стадионот Благој Истатов во Струмица, екипите на Брера и Вардар го играат својот дуел од новото ПМФЛ коло кое што се игра викендов. Вардар доминира во првото полувреме, има иницијатива, но тешкиот терен не дозволува фудбалска убавина. Единствената шанса гостите ја имаа преку Едис Спахиу кој по корнерот, кусата акција и нафрлувањето на Маневски не реагираше најдорбо ...
Вардар ја победи АП Брера попладнево на гостувањето во Струмица во 14. коло на Првата македонска фудбалска лига. Головите ги постигнаа Михаил Талевски и Димитар Тодоровски, двата во второто полувреме. Натпреварот се одигра во лоши услови, по тежок терен поради обилните дождови што ја зафатија земјава. Првиот натпревар од ова коло се одигра вчера, Силекс ја победи Македонија ЃП на гости со 2:1. Утре играат Тиквеш – Башкими и Арсими – Шкендија. ...

