Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ денеска, во 20 часот, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска. „Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект што се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на постинтернет-естетиката како ...
Преку различни медиумски форми: текстуални интервенции, видеосодржини, алгоритамски и дигитални процеси, изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и за трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст Во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ од завчеравечер може да се проследи изложбата „Интер(но)фејс“ на реномираниот македонски уметник Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска. Овој уметнички, мултимедијален ...

