Микел Артета со неверица го дочека моментот кога судијата Макели го поништи вториот пенал за Арсенал уште на теренот, но менаџерот на гостинскиот тим беше уште побурен по последниот судиски свиреж, обвинувајќи дека луѓето од ВАР постапиле спротивно на правилата на фудбалската игра. Според протоколот, ВАР не треба да се активира ако нема голема и очигледна грешка, а Артета верува дека во вториот случај имало доволно елементи за да се покаже на ...
Првиот меч меѓу Атлетико Мадрид и Арсенал заврши без победник, беа досудени два пенали, по еден на двете страни, а тренерите имаа што да кажат за судискиот критериум. Така, Микел Артета не го криеше разочарувањето што Арсенал не доби и втор пенал во финишот, откако судијата најпрвин покажа на белата точка по стартот врз Езе, но потоа по реакција од ВАР-собата ја промени својата одлука. „Првиот беше пенал, вториот исто така беше пенал. Можеби ...

