Жири-комисијата во состав Снежана Коневски-Руси, претседател Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ ги оценуваа претставите. Руси синоќа ги соопшти наградените, а уметничката директорка на фестивалот, Ана Стојаноска, им ги врачи. Според оценките на публиката, со просечна оценка од 4,75, ајдобра претстава беше прогласена „Амадеус“ од Питер Шефер, во режија на Андреј Цветановски, на Турскиот театар. Тие и минатата година ја добија оваа награда за ...
На 60-тото, јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, актерката Сара Спиркоска Костадиновска настапи со три различни сценски остварувања и ја освои наградата за најдобра млада актерка за Неда во „Црнила“ – Дејан Пројковски (Народен театар „Војдан Чернодрински“). Нејзиното фестивалско учество опфати разновидни улоги и различни театарски естетики, што дополнително ја истакна нејзината актерска флексибилност и способност за трансформација. ...

