Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изрази силна поддршка за Кипар по нападот со беспилотни летала врз британската воена база во Акротири, велејќи дека ЕУ стои со своите земји-членки во услови на каква било закана. Во објава на мрежата X, таа изјави дека разговарала со кипарскиот претседател Никос Христодулидес за инцидентот што се случил кратко по полноќ, кога беспилотно летало ја таргетирало британската база ...
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изрази поддршка за кипарските власти по нападот со беспилотни летала врз британската база во Акротири (Југоисточен Кипар) вечерва и изјави дека ЕУ стои „колективно, цврсто и недвосмислено“ зад своите земји-членки, објави онлајн изданието на весникот „Сајпрус меил“. „Разговарав со претседателот (на Кипар) Никос Христодулидес, кој ме информираше за единствениот инцидент што се ...

