Фестивалот на креативен документарен филм со настанот „Зимски МакеДокс“ ќе гостува во програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, што од 3 до 10 декември ќе се одржи во МКЦ и во Кинотеката. Од 5 до 7 декември, во рамки на програмата на 24. „Синедејс“, ќе биде прикажан избор на долгометражни победници од 16-тото издание на фестивалот „МакеДокс“. Програмата на „Зимски МакеДокс“ е составена од три наградени документарни остварувања. На 5 ...

Со проекции на годинашниот кански победник – „Тоа беше само несреќа“ на режисерот Џафар Панахи и на биографскиот документарец „Човек лавина“ за Драгољуб Ѓуричиќ, првиот тапанар на „Леб и сол“, а во режија на Слободанка Радун, вчеравечер во Младинскиот културен центар стартуваше 24. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“. Остварувањето на дисидентот Панахи, француски кандидат за наградата „Оскар“ во 2026 година, во категоријата за ...