Тенковите на израелските одбранбени сили (ИДФ) влегоа во Појасот Газа и напредуваат по коридорот Нецарим, кој ја дели палестинската енклава на половина и од каде што војниците се повлекоа пред еден месец како дел од првата фаза од договорот за прекин на огнот со Хамас, кој сега е сериозно загрозен.„Тајмс оф Израел“ пишува дека палестинските медиуми од Појасот Газа објавија дека израелската армија забранила минување на возила од јужниот кон ...

