Во вчерашната епизода од „Ѕвездите на Гранд“, покрај Филип Александровски кој не помина директно и заврши во бараж, се натпреваруваше и Бојан Илиевски. Но за разлика од Филип кој доби повеќе гласови од противкандидатот во дуелот, Бојан заврши со само еден глас. Вања Нешковиќ доби четири гласови и од продукцијата доби зелен картон да помине во следниот круг, додека Бојан заврши во бараж. Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд Нивниот настап ...

Натпреварувачот од Македонија во „Ѕвездите на Гранд“, шармантниот кумановец, Филип Александровски, овој пат не успеа директно да се пласира во следниот круг. Иако беше подобар од неговиот противник во дуелот, Немања Грујиќ, и резултатот заврши со 3:2 за пејачот од Македонија, продукцијата на крај одлучи и двајцата кандидати да ги прати во бараж. Од друга страна и Немања не беше лош, а со една песна успеа дури и да ги разигра во студиото Дара ...