Вардар обезбеди и трето засилување во зимскиот преоен рок. Станува збор за 25-годишниот Михаил Маневски, кој како што потврдија од клубот е нов член на ФК Вардар. Маневски во Вардар доаѓа од екипата на Тиквеш, а претходно има играно за Брегалница, Акдемија Пандев, Силекс, Шкендија и Гостивар. Михаил Маневски со Академија Пандев, сегашна Брера од Струмица, го има освоено Куп на Македонија. Пред него, Вардар се засили и со Ѓоргие Јанкулов и Михал ...

Доскорешниот фудбалер на Тиквеш, Михаил Маневски, е најновото, трето засилување за најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар. Освен Маневски, за скопските „црвено-црни“ претходно потпишаа и Пинтер од Шкупи, како и Јанкулов од АП Брера. Маневски во својата кариера освен за Тиквеш, настапуваше и за Академија Пандев, Брегалница, Шкендија, Гостивар и Силекс. Неофицијално, Вардар е во завршни преговори и со поранешниот дефанзивец на Шкупи, ...