Во втората половина на 2025 година, Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) спроведе контрола на користењето боледувања кај здравствено осигурани лица, меѓу кои и припадници на полицијата. Анализата покажа дека 80 лица искористиле вкупно 514 боледувања, најчесто траејќи до седум дена, додека 171 боледување било до 15 дена, а 83 над 30 дена. „Утврдивме неправилности кај 29 од контролираните 80 лица, што изнесува околу 37 отсто. Овие лица ...
Еден полицаец за година и пол четири пати сменил матичен лекар и тоа во различни градови за да може да вади боледувања, кажа на денешната прес-конфренција директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. ‒ Ова е само еден од примерите за злоупотреби во однос на боледувањата во Министерството за внатрешни работи (МВР). МВР контролираше 514 боледувања кои ги направиле овие 80 лица. Големото мнозинство, 258, се до 7 дена, ...

