Производството во македонската индустрија во септември годинава бележи пад од 7,9% во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Ова е втор последователен месец како индустриското производство бележи намалување. Во последните 12 месеци, пак, дури осум месеци имало пад на индустриското производство, што е показател на проблемите со кои се соочува македонската индустрија, почнувајќи од ...
Индустријата во слободен пад. Производството во септември е намалено за скоро 8%, објави статистиката. Бројките треба да не загрижуваат – потребна е итна интервенција, велат од Организацијата на работодавачи. - Во недостиг на природни ресурси, како злато, нафта или гас, во земја која нема развиен туризам, единствен двигател на економијата е индустриското производство и извозот. Падот се должи на неколку фактори – надворешни, на кои не можеме да ...