Тимот на Барселона потешко од очекувањата ја мина првата пречка во Купот на Шпанија, натпреварување во кое ја брани титулата. Каталонците се мачеа против третолигашот Гвадалахара, тим кој е дури на 17 место во шампионатот, поточно во зоната која води во четвртата лига. Фаворитот на крајот триумфираше со 2-0, меѓутоа доста се потроши пред тешкото гостување кај Вилјареал. Флик мораше да ги уфрли во игра Балде, Педри и Кунде за да во 76 минута ...
Долго време Барселона го кршеше отпорот на третолигашот Гвадалахара во 1/16 финалето на Купот на Шпанија. Успеа дури во 77. минута преку Кристенсен, и тоа откако топката удри еден од играчите на Гвадалахара, и заврши во мрежата на домашниот тим. Потоа на 0-2 зголеми Рашфорд во 90. минута од средбата. Барселона имаше повеќе од играта, повеќе од шансите, но дури на крајот успеа да го скрши отпорот на третолигашот, кој не се посрамоти против ...

