„Матица македонска“ го објави „Остров на духови“ од финскиот писател Макс Сек, автор чии книги се продадени во повеќе од еден милион примероци, со права за објавување на над 40 пазари и присуство на бестселер-листата на „Њујорк тајмс“. Романот ја следи детективката Џесика Ниеми, која на изолиран остров се соочува со вознемирувачка легенда и мистерија. Нејзината лична борба се испреплетува со истрагата, создавајќи приказна што ги поврзува ...
По објавувањето на „Слобода“, Или-Или со особено задоволство информира за објавувањето и на вториот превод на македонски јазик од Леа Ипи, книгата „Недостоинство“. Оваа книга доаѓа во период на голем интерес за авторката кај македонската читателска публика, особено по нејзиното неодамнешно гостување на фестивалот „Букстар“ во Скопје. Преводот од англиски е на Кристина Димкова а дизајнот на корицата е на Марија Смилевска. Кога Леа Ипи случајно ...

