Македонските интернационалци кои настапуваат во Хрватска, Александар Трајковски и Леонард Жута, беа расположени за асистенции за своите тимови Локомотива, односно Славен Белупо. Жута беше асистент на вториот гол за Славен Белупо на гостувањето кај Горица, кој заврши без победник 2-2. Александар Трајковски, пак, асистираше за водечкиот гол за неговата Локомотива против Вараждин, но на крајот гостите успеаја да израмнат и да дојдат до бод. ...

Екипите на Леонард Жута и Александар Трајковски освоија по еден бод на своите натпревари во Првата лига во Хрватска, а двајцата македонски интернационалци имаа свој учинок во конечниот исход на натпреварите. Жута и Несторовски беа стартери во тимот на Славен Белупо кој гостуваше кај Горица, со тоа што дефанзивецот го постигна голот кој донесе пресврт во 74-та минута. Жута мајсторски го проигра Митровиќ за водство од 1:2 на гостите во самата ...