Во градското дерби од ракометниот шампионат на Македонија, Вардар го совлада Алкалоид со 34:28 и по 11 одиграни кола е единствениот тим кој има максимален учинок. Најефикасен во победничката екипа со девет гола беше Дмитро Хориха, Николас Боно и Јака Малус по пет пат се запишаа меѓу стрелците додека голманот Васил Гогов имаше осум интервенции. Прв стрелец во редовите на Алкалоид беше Мартин Серафимов со девет погодоци, а по четири пати прецизни ...

Екипата на ГРК Охрид славеше на дерби дуелот против Алкалоид со 28-24 во првиот меч од 12. коло во Супер-лигата. Избраниците на Борис Ројевиќ ја оправдаа фаворитската улога против младиот скопски состав. Охриѓани оваа сезона се еден од главните кандидати за титулата, поптишаа бројни странски засилувања и имаат голем буџет. Стрмјан беше стрелец на 11 гола, додека Иванковиќ запиша седум. На другата страна Дамјан Митев имаше шест погодоци, ...