Македонската фудбалска репрезентација со право се надева дека може да се пласира на Светското првенство кое следната година ќе се игра во Мексико, САД и Канада, но патот дотаму ќе биде трнлив. Има два начини како да се најдеме на Мундијалот, едниот и најбрз е како првопласирани во квалификациската група, нешто за што имаме шанси, но не зависиме само од себе туку и од резултатите на конкурентите Белгија и Велс. Другиот начин е преку баражот, кога ...

Македонската репрезентација, по синоќа одиграните натпревари во евро-квалификациите за пласман на Светското првенство 2026, веќе и дефинитивно има обезбедено бараж, преку остварувањето во Лигата на нациите, за место на Мундијалот следната година во САД, Канада и Мексико. Согласно резултатите на останатите национални тимови кои се борат за бараж за СП 2026, Македонија од синоќа според резултатските показатели веќе 100% е во баражот за Мундијалот, ...

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешени 1-1 против Казахстан во квалификациите за Светското првенство. По натпреварот во Скопје кој не успеавме да го добиеме, разочарувањето беше големо и кај фудбалерите и во јавноста. Сепак, не треба да се очајува бидејќи не загубивме премногу со овој резултат. Македонија сè уште е во трка за второто место кое води во баражот. Да не се залажуваме, очекувањата дека Белгија ќе киксне двапати во ...