Веќе пет дена возилата се блокирани на паркинзи на приватни шпедитерски компании низ целата држава. Причината е што не функционира системот Шваке (Schwacke), германски каталог за проценка на пазарната вредност на возилата. Граѓаните кои купиле возила од странство и чекаат процес на царинење изразуваат загриженост дека не можат да ги земат своите автомобили и се принудени да плаќаат дополнителни давачки. „Веќе неколку дена возилата остануваат ...
Еден ден по известувањето на ТВ21 дека возилата остануваат блокирани на паркинзите на приватните шпедиции низ целата земја, Царинската управа се враќа на стариот метод за проценка при царинење. Иако веќе пет дена не функционира онлајн системот на германскиот оператор „Шваке“ за Македонија, според надлежните, овој проблем се очекува да продолжи до крајот на неделата. Затоа, Царината потврдува за ТВ21 дека од денеска проценката на вредноста на ...

