Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките за првиот од двата дуели што ќе ги одиграме во следниве десет дена. Пред патувањето за Кардиф каде следниот вторник против Велс ќе го одиграме решавачкиот натпревар за освојување на второто место во групата, нашите најдобри фудбалери в четврток ги очекува контролниот меч со Летонија. “Без разлика што натпреварот против Летонија не е во рамките на квалификациите ...

И Тихомир Костадинов не е задоволен од овие 0:0 против Летонија. Нашиот играч за врска во таа смисла ја искоментира вечерашната пријателска средба против Летонија која заврши без голови. Еве што кажа Костадинов: “Ни недостигаше тој гол. Да го постигнеме мислам дека имавме свои шанси. Секако дека голманот на гостите беше на своето ниво, имаше доста добри интервенции. Секако дека посакувавме да постигнеме гол, но за жал не успеавме. Позитивното е ...