Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 22 лица сè уште се водат како исчезнати по вчерашниот руски воздушен напад врз градот Тернопил во западна Украина, во кој загинаа 26 лица, а беа повредени повеќе од 90. Русија вчера го нападна градот Тернопил и неговата околина со борбени дронови и ракети, при што беа погодени две високи станбени згради. – Нашите спасувачи работеа цела ноќ во Тернопил, а спасувачките операции ...

Бројот на жртви од рускиот ракетен напад врз Тернопил се искачи на 31, вклучувајќи шест деца, откако денес на местото на несреќата беа пронајдени уште три жртви – жена и две деца, соопшти Националната полиција на Украина. „Спасувачите ги извлекоа телата на уште три лица: жена и две деца од под урнатините на местото на уништената куќа“, соопшти полицијата, објави РБК Украина. Се забележува дека 94 лица се повредени во рускиот напад, ...